Alaattin Doğru
10 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
ПАРИЗ
Поради поплавите предизвикани од обилните врнежи, во пет региони на југот на Франција на сила е „црвено предупредување“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Француската метеоролошка управа прогласи „црвен аларм“ поради обилните врнежи и поплави на југозападот на земјата во регионите Атлантски Пиринеи, Ланд, Горни Пиринеи, Горна Гарона и Ариеж.
Издадено е „портокалово предупредување“ поради опасност од поплави во регионите Жерд, Нор и Ена, а има и опасност од лавини во регионот Ориентални Пиринеи.
Локалните медиуми објавија дека во некои делови од регионот Атлантски Пиринеи е запрен железничкиот сообраќај, а во некои градови укинат е превозот кон училиштата.
Во заедничкото соопштение на гувернерот на Источни Пиринеи и Ариеж објавено е дека патиштата што ја поврзуваат земјата со Андора се затворени поради лошите временски услови.
Обилните дождови се очекува да паѓаат до утре.