Mahmut Geldi
23 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Здравствена работничка во Саудиска Арабија е осудена на 5 години затвор поради насилство над новороденчиња, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на државната телевизија што се заснова на Канцеларијата на државниот обвинител, спроведена е истрага против службеничка која работела во одделот за новороденчиња во еден здравствен дом поради наводно применување сила над бебиња.
Врз основа на видеоснимките од камерите во здравствената установа, утврдено е дека таа насилно се однесувала кон 11 бебиња.
Здравствената работничка како причина за насилството го навела „стресот на работа“. Осудена е на 5 години затвор и парична казна во висина од околу 26.600 долари.