Selçuk Acar
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - По ураганот Сандеј во 2012 година, катастрофалните поплави во Лујзијана се опишани како најголема природна катастрофа, многу куќи останаа под вода а илјадници луѓе беа засолнети во засолништа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на портпаролот на Канцеларијата за домашна безбедност и вонредни состојби на сојузната држава Луjзијана, Мајк Стил, се соопштува дека поради поплавите животот го изгубиле 13 лица а 60.642 домаќинства се оштетени. Истакнувајќи дека по поплавите 102.000 граѓани се регистрирани за помош, Стил изјави дека околу 3.000 граѓани сè уште се наоѓат во засолништата.
Поради континуираните обилни врнежи од дожд на 11 и 12 август, затворени се околу педесетина автопати а голем број луѓе не можат да пристапат до своите домови, истакна Стил.
Гувернерот на Лујзијана, Џон Бел Едвардс, изјави дека во САД се опоравуваат од обемот на катастрофата.
Додека продолжуваат работите за проценка на штетите, Батон Руж, од Стопанската Комора сопшти дека се оштетени се 111.000 домаќинста во вредност од околу 21 милјарди долари.
Во ураганот Сандеј во 2012 година кадешто беа опфатени регионите на Њу Џерси и Њујорк животот го загубија 74 лица а материјалната штета достигна до 75 милјарди долари.
- И покрај поплавите продолжува одморот на Обама -
Додека Лујзијана е опфатена од катасторфалните поплави, председателот Обама не го прекина 16-дневниот одмор со своето семејство на островот Мартас Винјард во државата Масачусец, поради што беше мета на критики.
По фотографиите каде што се гледа како Обама игра голф, гувернерот на Индијана, Мајк Пенс, во петокот при посета на региноите којшто беа зафатени од катастрофалните поплави беше првиот човекот којшто на Обама му упати остри критики.
Обама исто така беше критикуван и од "The Advocate", еден од најчитаните весници во државата, којшто поради катастрофалните поплави го повика председателот Обама да го прекие одморот.
- Во вторник Обама ќе ги посетети поплавените подрачја -
Во сопштението на Белата куќа, беше наведено дека председателот Обама во вторник ќе го посети градот Батон Руж и погодените области од катастрофалните поплави.
Во сопштението на Белата куќа стои дека председателот Обама детално бил информран за состојбите во Лујзијана од страна на председателот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби, Грег Фугејт и секретарот на Агенцијата за домашна безбедност на САД, Џех Џонсон, којшто неколкупати ги посети погодените области.