Aness Suheil Barghoti
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
ГАЗА (АА) - Изралеските воздушни сили ги гаѓаа денес целите во Појасот Газа, а нападот следеше откако на јужниот дел на Израел падна минофрлачка ракета, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска соопшти дека рано утринава од палестинските територии на јужниот израелски град Сдерот паднала минифрлачка ракета.
„Како одговор на тој напад, изралеските воздушни и артирелиски сили гаѓаа две средишта на Хамас на јужниот дел на Газа” , се наведува во соопштението.
Очевидци за АА изјавија дека изралеските авиони бомбардирале камп за обука на военото крило на бригадата на Хамас, Езедин ал-Касам, во градот Бејт Лахиа.
Паралелно со ова, изралеските артирелиски сили денес испукале три проектили кои паднале на ненаселени полиња во градот Бејт Ханон на северниот дел на Газа.
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ашраф Ал Кидра, соопшти дека во таа прилика бил ранет еден Палестинец.