Ekipa
07 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
АТИНА (АА) - Три лица загинаа, а по уште едно се трага по поплавите што ја зафатија Грција минатата ноќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Противпожарната служба тврди дека две жени на возраст меѓу 63 и 80 години се пронајдени мртви во нивниот поплавен дом во градот Каламата, во јужниот дел на Грција.
Во истиот град беше пронајдено безживотното тело на 90-годишна старица.
Во северниот дел на земјата, властите трагаат по една 60-годишна жена која исчезнала по телефонски разговор со сопругот, кого го известила дека нејзиниот автомобил е поплавен.
Поројниот дожд предизвика поплави кои зафатија стотици домови и објекти на полуостровот Пелопонез и во северниот град Солун.