Safvan Allahverdi
16 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Мајк Помпео, кој престојува во Саудиска Арабија, со принцот Мохамед бин Салман разговараше за исчезнувањето на новинарот на „Вашингтон Пост" и саудискиот државјанин Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорничката на Стејт Департментот Хедер Нојерт во соопштението наведе дека Помпео во текот на средбата на саудискиот принц пу ја пренел загриженоста на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со исчезнувањето на новинарот Кашоги и желбата што поскоро да се открие што всушност се случило.
Во соопштението се наведува дека Помпео изгразил задоволство поради поддршката на Ријад за истрагата која ја водат заедно со турските функционери.
„Државниот секретр и саудискиот принц ја нагласија важноста на сеопфатна, транспарентна и благовремена истрага која ќе го расветли ова прашање", се додава во соопштението.
На крајот уште се наведува дека во текот на средбата е разговарано и за регионални и билатерални прашања.
Помпео престојува во Саудиска Арабија за да разговара за новинарот на „Вашингтон пост" и саудискиот државјанин Џамал Кашоги, исчезнат по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанубл на 2. октомври.
Од Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија е соопштено дека Помпео допатувал во Ријад каде го дочекале саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир и саудискиот амбасадор во Вашингтон прицот Калид бин Салман бин Абдулазиз.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера нареди заминување на Помпео во Саудиска Арабија. Помпео по посетата на Саудиска Арабија, на 17 октомври би требало да допатува во Турција.
Новинарот и колумнистот на весникот „Вашингтон Пост" Кашоги исчезна на 2. октомври откако влегол во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Познат е како критичар на политиката која ја води актуелната власт во Саудиска Арабија.