ИСТАНБУЛ (АА) - МУРАТ ПАКСОЈ -
Од сите вести, настани, фотографии, инфографики и анализи во врска со убиството на Џамал Кашогии кое беше извршено во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври 2018 година, Anadolu Agency (AA) ја издаде книгата „Убиството на Џамал Кашоги“ на англиски, арапски и на турски јазик, презентирајќи ја на светската јавност.
Измина една година откога Џамал Кашоги, еден од влијателните новинари од Блискиот Исток кој работеше за весникот „Вашингтон пост“ (Washington Post), на 2 октомври 2018 година влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што на многу свиреп начин беше убиен.
Убиството на Кашоги долг период беше на врвот на агендата на меѓународната јавност, а Anadolu Agency (AA), која уште од првиот момент го следеше целиот настан од самото место и го инфорираше светот преку текстови, фотографии и видеоматеријали, објави книга на три јазици во врска со организираното убиство на Џамал Кашоги.
Anadolu Agency, книгата „Убиството на Џамал Кашоги“ на 66 страници и составена од 46 поглавја, ја објави на англиски, арапски и турски јазик, презентирајќи ѝ ја на меѓународната јавност во јануари оваа година.
- Фотографии кои предизвикаа одек во светскиот печат -
Книгата во која се опфатени сите настани во врска со убиството на Џамал Кашоги во Конзулатот во Истанбул од страна на специјалниот тим за егзекуција кој пристигнал од Саудиска Арабија, започнува со прашањето „Кој е Џамал Кашоги?“, и дава информации за неговото минато, за неговите дела и гледишта.
Во поглавјето насловено како „Од перото на Кашоги“ се даваат некои од критиките на Кашоги упатени кон администрацијата од Ријад, а во исто време се прави осврт на она што го доживеал при неговата прва посета на Конзулатот во Истанбул на 28 септември 2018 година, кога саудискиот новинар барал документација за склучување брак во Турција.
Во книгата е опфатен периодот по извршеното убиство и во неа на аналитички начин е претставен развојот на настаните од ден во ден, а покрај фотографиите кои одекнаа во светскиот печат, таа содржи и инфографики и анализи.
- На читателот му се презентираат значајни информации -
Во книгата „Убиството на Џамал Кашоги“, која претставува важно архивско дело, во поглавјето со наслов „Семејното стебло на саудиското кралско семејство“ преку инфографика се прикажува историјата на управувачкото стебло на Саудиска Арабија, со што на читателот му се презентирани значајни информации.
Во книгата се пренесени и контрадикторинте изјави на Саудиска Арабија дадени по убиството, а воедно ги пренесува и ставовите од САД, Европа и од други земји.
Во книгата е објавена фотографија на која на еден ручек, покрај саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман, претседателот на Египет, Абдулфетах ес Сиси; кралот на Јордан, Абдула II; кралот на Бахраин, Хамед бин Иса ал Халифа; престолонаследникот на Абу Даби, принцот шеик Мухамед бин Заид ал Нахјан; заменик-претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и емир на Дубаи, Мухамед бин Рашид ал Мектум и претседателот на разузнавачката служба на Египет, Абас Камил, се наоѓа и Сауд ел Кахтани, лице за кое се смета дека одигра клучна, раководна улога во убиството.
Книгата „Убиството на Џамал Кашоги“ завршува со текстот на Кашоги кој е напишан пред неговото убиство, а весникот „Вашингтон пост“ го објавува по неговата смрт, на 17 октомври 2018 година.
- „Морален долг кон колегата“ -
Предговорот на книгата е напишан од претседателот на Управниот одбор на АА и генерален директор Шенол Казанџи, во кој истакнува дека во рамките на одговорноста што му ја дава меѓународното право со цел расветлување на убиството и откривање на сторителите, спровеле интензивна и успешна дипломатска комуникација.
Во предговорот Казанџи ги споделува гледиштата:
„Anadolu Agency жали за загубата на свој колега, и како информативна агенција одговорно и непристрасно го споделивме развојот на настаните поврзани со убиството, со светската јавност. Информациите, фотографиите, инфографиките и анализите во врска со убиството на Џамал Кашоги ги собравме во книгата што се наоѓа во вашите раце.
Би сакал да истакнам дела ова дело го објавивме како еден морален долг кон нашиот колега Џамал Кашоги, со што покажуваме дека ова убиство нема да го заборавивме, ниту ќе дозволиме да биде заборавено.“