Aydoğan Kalabalık
10 Јануари 2019•Ажурирај: 11 Јануари 2019
КАИРО (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес во Каиро повтори дека американските трупи ќе се повлечат од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, Помпео повтори и дека ја поразиле ДЕАШ во Сирија.
Помпео денес во рамките на посетата на Египет се состана со тамошниот министер за надворешни работи, Самех Шукри, со кој разговараше за соработката меѓу двете земји.
Египетската новинска агенција МЕНА јави дека Помпео, кој во Египет пристигна вчера, во Каиро министерот Шукри разговарал за соработката на двете земји на неколку полиња.
Тие разговарале и за меѓународните прашања, меѓу кои се случувањата во Сирија, Палестина, Либија и Јемен, но и за регионалните теми и борбата против тероризмот.
Помпео посетата на Блискиот Исток ја започна во вторникот и тоа со посета на Јордан, по што престојуваше во неочекувана посета на Ирак.
Американскиот државен секретар, по Египет, би требало да ги посети и Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Оман и Кувајт.