БАКУ (АА) - РУСЛАН РЕХИМОВ -
Со технолошко оружје како што се вооружените беспилотни летала (СИХА) на 10 ноември 2020 година Азербејџанската армија со своите војници херои го спаси Карабах и неговото опкружување од окупацијата на Ерменија.
По распадот на Советскиот Сојуз, Ерменија вршеше напади врз азербејџански војници и цивили од Карабах и околните места, окупирани со руско оружје, околу 30 години.
Зголемувањето на нападите на Ерменската армија врз цивилите и нападите на селата близу граничната линија со тешко оружје на 27 септември 2020 година беше последната капка што ќе ја прелее чашата.
Азербејџанската армија истиот ден започна контра-операција по наредба на претседателот Илхам Алиев.
Операцијата започна откако ерменските сили отворија оган врз цивилните населби во Азербејџан. По некое време операцијата се претвори во татковинска војна, и се развиваше од ден на ден:
27 септември 2020 година - Ерменската армија со артилерија и минофрлачи околу 06:00 часот наутро отвори оган врз позициите на Азербејџанската армија на линијата на фронтот и цивилните населби.
Како резултат на интензивното бомбардирање на Ерменската армија, во селата кои се наоѓаат на граничната линија беа предизвикани цивилни и воени жртви, а цивилната инфраструктура беше сериозно оштетена.
Азербејџанската армија, по ваквиот развој на настаните, започна контранапад по целиот фронт. Во првите часови од контранападот беа ослободени 6 села и одредени стратешки точки кои беа под окупација со години.
Претседателот Алиев во своето обраќање пред нацијата рече дека се борат за спас на сопствените територии и дека каузата на Азербејџан е кауза за правдата. Истиот ден Националното собрание на Азербејџан прогласи воена состојба во земјата.
На својот профил на Твитер турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган напиша: „Ерменија, која започна нови напади против Азербејџан, уште еднаш покажа дека е најголемата закана за мирот и спокојството во регионот. Турската нација денес, како и секогаш, стои покрај своите браќа од Азербејџан со сите свои средства.“
Ердоган во телефонскиот разговор со Алиев ја повтори својата поддршка.
28 септември 2020 година - Армијата ја продолжи операцијата за ослободување на својата територија. Во земјата беше прогласена делумна мобилизација.
3 октомври 2020 година - Градот Сукавушан во областа Тертер беше ослободен од окупација. Претседателот Алиев на својот Твитер профил соопшти дека е спасен градот кој има стратешко значење поради браната, која задоволува значителен дел од потребите за вода на регионот.
4 октомври 2020 година - Градот Џебраил, под окупација 27 години, беше ослободен. Веста која ги израдува жителите на Азербејџан ја соопшти претседателот Алиев. Луѓето излегоа на улиците во сите делови на земјата, вклучувајќи го и главниот град Баку.
9 октомври 2020 година - Градот Хадрут е ослободен од окупација.
10 октомври 2020 година - Азербејџан и Ерменија постигнаа привремен договор за прекин на огнот за размена на загинати и затвореници.
11 октомври 2020 година - Ерменската армија помалку од 24 часа по прекинот на огнот со проектили го нападна градот Гања во Азербејџан. Во нападот загинаа 10 цивили, а 40 цивили беа повредени.
17 октомври 2020 година - Ерменија повторно изврши ракетен напад врз Гања. Во овој напад животот го загубија 15 цивили, меѓу кои бебиња и деца, а 55 лица беа повредени.
Истиот ден, градот Фузули и неколку села беа ослободени од окупација. Претседателот Алиев со обраќање до нацијата ја соопшти веста на своите граѓани.
18 октомври 2020 година - Поради хуманитарни цели повторно беше прогласен привремен прекин на огнот, но Ерменија повторно не го почитуваше.
Мостот Худаферин, кој се наоѓа на реката Аракс на границата меѓу Иран и Азербејџан, а изграден е во 11. век, беше исчистен од ерменските сили, а на мостот беше поставено знамето на Азербејџан.
20 октомври 2020 година - Градот Зангилан е ослободен од окупација.
25 октомври 2020 година - Градот Губадли беше ослободен од окупација.
26 октомври 2020 – На иницијатива на Соединетите Американски Држави (САД) стапи на сила хуманитарниот привремен прекин на огнот договорен меѓу Азербејџан и Ерменија. Ерменската армија со отворање на артилериски оган врз позициите на војниците на Азербејџан по трет пат го прекрши прекинот на огнот.
27 октомври 2020 година - Ерменската армија го нападна центарот на градот Барда со касетна бомба. Во нападот загинаа пет лица, меѓу кои и едно дете.
28 октомври 2020 година - Ерменската војска изврши уште еден напад на врз Барда. Во нападот со касетна бомба животот го загубија 21 цивил. Азербејџанската армија ги уништи ракетните системи со кои беше нападнат Барда.
8 ноември 2020 година - Шуша, градот симбол на Карабах, беше ослободен од окупација. Специјалните трупи на Азербејџанската армија го спасија градот борејќи се лице в лице. Влегувањето на азербејџанската војска во Шуша предизвика распад на ерменската војска.
- Ерменија го прифаќа поразот -
10 ноември 2020 година - Потпишана е трипартитна декларација меѓу Азербејџан, Ерменија и Русија. Откако го прифати поразот, Ерменија се обврза да ги врати провинциите Агдам, Келбеџер и Лачин на Азербејџан, војната заврши.
20 ноември 2020 година - Азербејџанската армија влезе во Агдам, кој беше под окупација 27 години.
25 ноември 2020 година - Келбеџер беше предаден на Азербејџан.
30 ноември 2020 година - Ерменските сили го напуштија Лачин, кој го окупираа пред 28 години.
Азербејџанската армија за 44 дена од окупацијата ослободи 5 градови, 4 населени места и 286 села. Според потпишаната декларација Ерменската армија мораше да ги напушти провинциите Агдам, Келбаеџер и Лачин.
Во Втората војна на Карабах, Азербејџанската армија загуби 2.908 војници (шехиди). Во војната, 94 цивили на Азербејџан ги загубија животите како резултат на ерменските напади.
Претседателот на Азербејџан, Алиев, 27 септември, денот кога започна операцијата, го прогласи за „Ден на сеќавање на шехидите“.
Иако 10 ноември, кога беше потпишана трипартитната декларација, беше прогласен за „Ден на победата“, овој датум беше променет во 8 ноември, бидејќи тоа е денот на смртта на Мустафа Кемал Ататурк. Така „Денот на победата“ беше прогласен датумот кога Шуша беше ослободена од окупација.
- Ефектот на вооружените беспилотни летала (СИХА) -
Азербејџан користеше вооружени беспилотни летала (СИХА) во Втората војна во Карабах. Ерменските војници формираа позиции на високи точки на окупираните територии, а регионот беше генерално планински. Затоа СИХА овозможи Азербејџан да има подобри резултати. Снимките на СИХА кои ги користеше Азербејџанската армија за уништување на оружјето и трупите на Ерменската армија, ја зголемија гордоста и вербата во Азербејџанската армија. Исто така, создадоа негативен психолошки ефект врз ерменската страна. 44-дневната војна во која Азербејџан ги ослободи своите окупирани територии со технолошко оружје, особено СИХА, беше опишана како „модерна војна“.
- Поддршката на Турција му даде сила на Азербејџан -
Од првите моменти на војната, турските државни функционери, особено претседателот Ердоган, често изјавуваа дека се на страната на Азербејџан. Турција ги предупреди третите земји да не се мешаат во војната за правата на Азербејџан. Оваа поддршка на Турција обезбеди морал за азербејџанскиот народ и Армија.
Од друга страна, претседателот Алиев нагласи дека изјавата на Ердоган „Азербејџан не е сам“ во секој говор за Карабах ги спречи третите сили да се вклучат во војната.
Алиев, исто така, додаде дека никогаш нема да ја заборават поддршката на Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
