свет

Полска ќе отповика повеќе од 50 амбасадори во светот

Оваа одлука следува откако е предложена реконструкција на дипломатската мисија на Советот на службата за надворешни работи

Burak Bir  | 14.03.2024 - Обновена : 15.03.2024
Полска ќе отповика повеќе од 50 амбасадори во светот

ЛОНДОН (АА) - Полска одлучи да отповика десетици амбасадори кои ја претставуваа претходната администрација, објави вчера Министерството за надворешни работи на оваа земја, пренесува Анадолу.

„Министерот за надворешни работи Радослав Сикорски на 13 март одлучи да ја прекине дипломатската мисија за повеќе од 50 амбасадори и да повлече десетина кандидати за дипломати“, се вели во соопштението на полското МНР.

Оваа одлука следуваше откако е предложена реконструкција на дипломатската мисија изнесена на Советот на службата за надворешни работи.

Започнати се процедури за отповикување откако одлуката ја одобри премиерот Доналд Туск.

Владата смета дека неопходната промена на амбасадори ќе помогне земјата на попрофесионален начин да се соочи со тешките предизвици со кои се соочува надворешната политика на Полска.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın