свет

Израелската војска упадна во два бегалски кампа на Западниот Брег

Очевидци изјавија дека војниците, придружувани од булдожери, упаднале во неколку палестински куќи и ги испрашувале Палестинците. Уапсени се и неколку граѓани

Rania R.a. Abushamala  | 14.03.2024 - Обновена : 15.03.2024
Израелската војска упадна во два бегалски кампа на Западниот Брег

РАМАЛА (АА) - Израелската војска денес изврши рација во бегалските кампови Акабат Џабр и Аин ал-Султан во близина на градот Ерихон во источниот дел на Западниот Брег, јавува Анадолу.

Очевидци изјавија дека војниците, придружувани од булдожери, упаднале во неколку палестински куќи и ги испрашувале Палестинците. Уапсени се и неколку граѓани.

Израелските сили спроведоа рации низ окупираниот Западен Брег во зори, и тоа во градот Калкилија и камповите Балата и Ал-Аин во близина на Наблус на северот, гратчето Абу Дис источно од Ерусалим (Ал Кудс) и гратчето Ал-Кадер во близина на Витлеем на југ.

Израел ја започна својата војна против Газа по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври минатата година. Во израелските напади досега загинати се над 31.000 Палестинци. Оттогаш, израелските рации и апсења на окупираниот Западен Брег се зголемија, а во конфронтациите застрелани се најмалку 433 Палестинци, додека 4.700 се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.