свет

Израел и Хамас се согласија на шестмесечен прекин на огнот

„Прекинот на огнот меѓу палестинското движење за отпор и окупацијата беше во замена за израелската посветеност да имплементира сѐ што е договорено“

Ekipa  | 21.05.2019 - Обновена : 22.05.2019
Израел и Хамас се согласија на шестмесечен прекин на огнот

ГАЗА (АА) - Палестинското движење на отпорот Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот, јавуваат израелските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Хамас и Израел постигнаа договор за шестмесечен прекин на огнот. Договорот стапува на сила веднаш“, објави „Channel 12“.

Портпаролот на Хамас, Февзи Бархум, ги негираше објавените услови за прекин на огнот.

„Прекинот на огнот меѓу палестинското движење за отпор и окупацијата беше во замена за израелската посветеност да имплементира сѐ што е договорено“, изјави тој.

Новинскиот канал објави и дека Хамас се согласил да стави крај на судирите со израелската армија во близина на тампон-зоната меѓу Појасот Газа и Израел.

„Исто така е договорено да држи растојание од 300 метри од безбедносната ограда и да стави крај на ноќните протести“, објави каналот.

Од почетокот на протестите во Газа во март минатата година, израелските трупи распоредени во близина на тампон-зоната убија речиси 270, а повредија илјадници демонстранти.

„Израел за возврат се согласи да ја прошири рибарската зона на Газа до 15 наутички милји и да обезбеди трансфер на медицински лекови и граѓанска помош до блокираниот појас“, се додава во извештајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın