свет

Турскиот потпретседател оствари средба со новиот украински лидер Зеленски

Двете земји постигнаа консензус за потпишување на договорот за слободна трговија меѓу Турција и Украина, со цел постигнување на целта за трговија во вредност од 10 милијарди долари

Faruk Zorlu  | 21.05.2019 - Обновена : 21.05.2019
Турскиот потпретседател оствари средба со новиот украински лидер Зеленски

КИЕВ (АА) - Турскиот потпретседател Фуат Октај се состана со новоизбраниот претседател на Украина, Владимир Зеленски, на состанок зад затворени врати во Киев, јавува Anadolu Agency (AA).

Двете земји постигнаа консензус за потпишување на договорот за слободна трговија меѓу Турција и Украина, со цел постигнување на целта за трговија во вредност од 10 милијарди долари.

Октај, исто така, ја изрази загриженоста на Турција во врска со анексијата на полуостровот Крим.

Источна Украина е зафатена од конфликт од март 2014 година по руската анексија на полуостровот. Проруските сепаратисти кои живеат во регионите Донецк и Лугањск прогласија независност, потег кој меѓународната заедница, вклучувајќи ја и Турција, не го признаа.

Состанокот се одржа по церемонијата на инаугурација на Зеленски во Парламентот во Киев, на која присуствуваа шефови на држави, претседатели на парламенти и министри од различни земји.

Турскиот потпретседател Октај оствари средба и со романската заменичка на премиерот, Ана Бирчал, за време на неговата посета на Украина.

Двајцата претставници разменија мислења во врска со состанокот на заедничкиот Економски комитет помеѓу Турција и Романија, кој се планира да се одржи оваа година.

Октај во турската Амбасада во Киев на средба прими претставници на Турците Гагаузи, ахиските Турци и кримските Татари кои живеат во Украина.

На состанокот Октај истакна дека поддршката на Турција ќе продолжи.

Тој се состана и со претставници на турското граѓанско општество и бизнис-заедницата кои живеат во Украина.

Во врска со обврзаноста на Турција од зголемување на обемот на трговската размена со Украина, Октај рече дека трговската размена меѓу двете земји изнесува околу 6 милијарди долари. Турција има за цел да ја зголеми на 10 милијарди долари.

За време на положувањето заклетва, Зеленски најави дека го распушта Парламентот.

Според украинскиот Устав, мора да се одржат парламентарни избори во рок од 60 дена по распуштањето.

Зеленски победи во вториот круг од претседателските избори кои се одржаа на 21 април.

Како кандидат на партијата Слуга на народот, тој освои 73,2 отсто од гласовите, додека неговиот ривал, актуелниот претседател Петро Порошенко, доби 25,3 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.