свет

Каракачанов: „Цената што ја побараа САД за F-16 е претерано висока"

„Како ќе одговорите вие на тоа кога вистинската цена на нешто што го продаваат е 3 лева, а вам ќе ви кажат дека тоа вреди 5 бугарски лева?...“

İhvan Radoykov  | 20.05.2019 - Обновена : 22.05.2019
Каракачанов: „Цената што ја побараа САД за F-16 е претерано висока"

СОФИЈА (АА) - Бугарскиот заменик-премиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, истакна дека преговорите со Соединетите Американски Држави (САД) за купување на воени авиони може да резултираат со неуспех, јавува Anadolu Agency (AA).

„Цената што ја бараат САД од нас за воените авиони F-16 е претерано висока и неразумна“.

На прес-конференција, Каракачанов нагласи дека разговорите за купување на 16 воени авиони F-16 помеѓу Бугарија и САД би можеле да завршат со неуспех. 

Каракачанов, наведувајќи дека бугарскиот Парламент издвоил 900 милиони евра за купување на авионите, рече: „Цената што ја бараат САД од нас за воените авиони F-16 е претерано висока и неразумна“. 

Тој истакнува дека преговорите со САД не се ветувачки. „Како ќе одговорите вие на тоа кога вистинската цена на нешто што го продаваат е 3 лева, а вам ќе ви кажат дека тоа вреди 5 бугарски лева? Секако, ќе одговорите на овој начин...Зошто цената е толку претерано висока?“. 

Каракачанов, посочувајќи дека разговорите со САД ќе продолжат, рече дека ќе бидат упорни цената да се намали на разумно ниво, исплатата да биде на рати и првите авиони да бидат доставени најдоцна за две години.

Тој, исто така, рече дека во случај преговорите со САД да не дадат резултати, тие авиони ќе можат да ги купат од Шведска. 

Посочи дека во тој случај ќе контактираат со шведската авиокомпанија „Svenska Aeroplan Aktie Bolaget“ (SAAB). „Ние засега ги покажуваме потребните напори и продолжуваме со преговорите, но ако не добиеме резултати од преговорите со САД, можно е да започнеме преговори со шведската компанија СААБ“.

Бугарските воздухопловни сили имаат 16 руски воени авиони МИГ од старо производство, а само 4 од нив се во употреблива состојба. 

Бугарскиот Парламент на 16 јануари ја усвои одлуката за купување на нова флота воени авиони, а Владата започна преговори со САД за купување на 16 американски воени авиони F-16. 



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın