Jo Harper,Ekip
21 Јули 2023•Ажурирај: 23 Јули 2023
ВАРШАВА (АА) – Полските власти одлучија да ги преместат воените единици на источниот дел на земјата поради присуството на паравоената група „Вагнер“ во Белорусија, јавува Анадолу.
„Комитетот ги анализираше можните закани и министерот за одбрана и претседателот на Комитетот, Мариуш Блашчак, одлучија да ги преместат нашите воени формации од запад кон истокот на Полска“, изјави за новинската агенција ПАП, Збигњев Хофман, секретар на Комитетот за национална безбедност и одбрана на Советот на министри.
Белоруското Министерство за одбрана претходно соопшти дека платениците на „Вагнер“ почнале да ги обучуваат белоруските специјални сили на воен полигон во близина на границата со Полска.
„Можно е во Белорусија да се наоѓаат меѓу 2.500 и 3.000 членови на групата 'Вагнер'“, изјави поранешниот белоруски амбасадор во Полска, Павел Латушка.
Блашчак минатата недела изјави дека Полска почнала да преместува повеќе од 1.000 војници на истокот на земјата. Варшава, исто така, праќа 500 полицајци да ја зајакнат граничната безбедност.
Луѓето што живеат во близина на границата со Белорусија, наводно, можеле да слушнат пукотници и хеликоптери од другата страна на границата.
Водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин се преселил во Белорусија по прекинатиот бунт во Русија.