Alaattin Doğru
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
ПАРИЗ
Француската полиција ги истурка нерегуларните мигранти од нивните шатори и употреби солзавец во текот на операциите во спроведени во понеделникот на периферијата на северниот град Кале, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според фотографиите кои активистите за човекови права ги објавија на социјалните мрежи, полицијата запленила околу 30 шатори и тенди во импровизираниот камп.
Полицијата ги нападнала и активистите за човекови права кои го снимале инцидентот.
Најмалку 15 полицајци се повредени во тепачката со мигрантите минатата недела во Кале додека се обидувале да го обезбедат подрачјето кое често е излезна точка за мигрантите кои бегаат низ тунелот Ла Манш во Велика Британија.