Dilan Pamuk
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
АНКАРА
Делегацијата на Европската Унија за односи со Палестина (DPAL) денес изрази голема загриженост за здравјето на палестинскиот затвореник кој штрајкува со глад повеќе од четири месеци во знак на протест против неговото притворање без судење од страна на Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
ДПАЛ соопшти дека се „сериозно загрижени“ за Хишам Абу Хаваш, чиј живот, наводно, е во „непосредна опасност“, според извештајот на Лекарите за човекови права и се наоѓа во критична состојба на 140-тиот ден од штрајкот со глад.
Потсетувајќи дека Хаваш преку со штрајкот имал за цел да протестира против неговиот административен притвор во израелски затвор од октомври 2020 година, Делегацијата на Европската Унија за односи со Палестина на социјалната мрежа Твитер објави дека „употребата на административен притвор без формално обвинение останува долгогодишна загриженост“.
„Затворениците имаат право да бидат информирани за обвиненијата за секое се притворени, мора да им се даде фер судење во разумен рок или да бидат ослободени“, наведуваат од ДПАЛ, повикувајќи на итно решение од страна на израелските власти.
На 1 јануари, Меѓународниот комитет на Црвениот крст изврши посета за да ја следи состојбата на Хаваш и извести дека комитетот е „сериозно загрижен за неговата влошена здравствена состојба“.
„Мора да се вложат сите напори со цел изнаоѓање на решение за да се избегнат неповратни здравствени последици и можни трагични загуби на животи“, додаваат тие.