Michael Gabriel Hernandez
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Отпуштениот полицаец од Минеаполис кој клечеше на вратот на Џорџ Флојд, денес прв пат се појави на суд поради обвиненијата поврзани со смртта на Афроамериканецот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дерек Чаувин за време на пандемијата на Ковид-19 пред судијката се појави преку видео линк. Судијката Џенис Рединг му постави на Чаувин кауција со еден милион долари со одредени услови или 1,25 милиони долари без нив.
На снимките од апсењето се гледа како Чаувин клечи на вратот на Флојд речиси девет минути, игнорирајќи го неговото извикување дека не може да дише, по што жртвата изгуби свест.
Кит Елисон, јавниот обвинител на Минесота, минатата недела го прошири обвинението против Чаувин. Чаувин сега се соочува со обвиненија за убиство и убиство од втор степен. Тој исто така ги обвини тројцата полицајци кои беа на местото на настанот за помагање и поттикнување.
Вознемиреноста на јавноста поради смртта на Флојд предизвика протести против полициската бруталност и расизмот во САД и целиот свет.