Ekip
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
МАДРИД
Во поголемиот дел на Шпанија денес дополнително се ублажени рестриктивните мерки, а Министерството за здравство извести за најмалиот број на новозаразени со Ковид-19 уште од почетокот на март, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кај само 48 луѓе е дијагностициран Ковид-19, покажуваат службените податоци на Министерството за здравство објавени денес. Вкупниот број на потврдени случаи на заразување со Ковид-19 во Шпанија изнесува 241.550.
Министерството за здравство исто така, не потврди дека имало нови смртни случаи, но извести дека од Ковид-19 во изминатата недела починале 56 лица. Со тоа вкупниот број на смртни случаи достигна 27.136.
Голем дел од земјата денес продолжи постепено да ги ублажува рестриктивните мерки. Најтешко погодени шпански региони, меѓу кои Мадрид и Барселона, официјално влегоа во втората фаза на ублажување на мерките, во склоп на кои рестораните ќе можат да го отворат и затворениот простор, се дозволува собир на 15 лица, а допуштени им се и повеќе слободни активности како одење во тетарар.
Околу 52 отсто од населението на Шпанија премина и во третата фаза на ублажување на мерките, што значи дека можат да се отворат коцкарниците, ноќните клубови и баровите.
Шпанскиот премиер Педро Санчез го поздрави во недела успехот на земјата за време на дотогашното ублажување на рестриктивните мерки.