Ekipa
18 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Погребот на првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, беше извршен во Каиро, во 5:00 часот по локално време, под интензивни безбедносни мерки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Морси беше погребан на гробиштата во источниот дел на Каиро, каде што се погребувани следбениците на Муслиманското братство (Ихван), во подрачјето Мединет Наср.
На погребот, извршен во 5:00 часот по локално време, не присуствувал никој друг, освен неговото семејство и неговите адвокати.
- Почина во судница -
Мухамед Морси (67), кој беше отстранет од власт со воен удар во Египет, почина во судницата каде што му се судеше за „шпионажа“.
Морси стана првиот претседател во историјата на Египет избран по демократски пат во 2012 година, по популарната револуција во 2011 година, која го принуди поранешниот претседател Хосни Мубарак (1981 - 2011) да поднесе оставка.
На 3 јули 2013 година Морси беше соборен со воен удар од страна на тогашниот министер за одбрана, Абдулфетах ес Сиси, кој подоцна стана претседател.
Египетската државна телевизија тврди дека Мухамед Морси имал бениген тумор, дека бил под постојан медицински надзор и дека смртта била предизвикана од срцев удар.
Египетското Јавно обвинителство во претходните изјави истакна дека Морси починал кога бил доведен во болница.