свет

Повредени 30 лица при турбуленции на авион на „Туркиш ерлајнс“

Авионот на „Tуркиш ерлајнс“, кој патувал од Истанбул за Њујорк, влегол во турбуленција во близина на аеродромот во Њујорк.

Kenan Irtak  | 10.03.2019 - Обновена : 11.03.2019
Повредени 30 лица при турбуленции на авион на „Туркиш ерлајнс“

ИСТАНБУЛ (АА) - Авионот на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ („Turkish Airlines“), во текот на приближувањето до аеродромот во Њујорк, влегол во турбуленција, при што биле повредени 30 лица, од кои 28 патници и 2 лица од екипажот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на „Tуркиш ерлајнс“, авионот на авиокомпанија, кој патувал од Истанбул за Њујорк, влегол во турбуленција во близина на аеродромот во Њујорк.

Во соопштението се вели дека во авионот се наоѓале 326 патници и 18 лица од екипажот.

„Поради турбуленција, со лесни повреди се здобија 28 патници и 2 лица од екипажот, кои потоа беа пренесени во болница“, се наведува во соопштението.

Авиокомпанијата изрази жалење поради овој случај, и соопшти дека внимателно се следи здравствената состојба на повредените.

Се истакнува дека 18 од вкупните 28 повредени се отпуштени од болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.