свет

По повеќе од 30 години: Вавилон под заштита на УНЕСКО

Ирак од 1983 година се обидува да го увери УНЕСКО да го препознае овој локалитет кој се протега на 10 километри квадратни. Важно е да се напомене дека ископувањата се извршени на само 18 отсто од површината

İdris Okuducu  | 06.07.2019 - Обновена : 08.07.2019
По повеќе од 30 години: Вавилон под заштита на УНЕСКО

ИСТАНБУЛ (АА) - Комитетот за светско наследство на УНЕСКО соопшти дека ирачкиот Вавилон е додаден на Листата на светско наследство, јавува Anadolu Agency (AA).

Оттаму објавија дека оваа месопотамиска метропола отсега е под заштита на УНЕСКО.

Од ирачката Влада се задоволни со ваквата одлука укажувајќи на важноста и придонесот кои овој единствен древен град ги пружи на човештвото.

Ирак од 1983 година се обидува да го увери УНЕСКО да го препознае овој локалитет кој се протега на 10 километри квадратни. Важно е да се напомене дека ископувањата се извршени на само 18 отсто од површината.

Вавилон се наоѓа на околу 100 километри од ирачката престолнина Багдад, а според историските извори беше центар на древното царство пред повеќе од 4.000 години.

Лежи во срцето на Месопотамија, таму каде што се приближуваат реките Тигар и Еуфрат. Се наоѓа на крстопат на големите трговски патишта кои водеа од Мала Азија и Кавказ кон Персискиот Залив.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın