Yıldız Nevin Gündoğmuş
06 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамки на операцијата „Канџа“, која започна на 27 мај, досега биле неутрализирани 61 терорист на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството, во операцијата „Канџа“, која успешно се реализира во подрачјето на Хакурк кое се наоѓа во северниот дел на Ирак, во чии рамки се откриваат и уништуваат пештери, засолништа, упоришта, мини и рачно изработени експлозиви на терористичката организација ПКК, досега биле неутрализирани 61 терорист на ПКК, додека уништени биле 110 мини и рачно изработени експлозиви.
Исто така, уништени се и вкупно 151 пештера и засолништа во кои се наоѓале и муниција, користени од страна на оваа терористичка организација.
Во овие рамки, во засолништата на ПКК запленети се 18 пушки од типот AK-47, 11.958 муниции за AK-47, 3 ракетни фрлачи од типот RPG-7, 24 рачни бомби, 3.362 килограми амониум нитрат кој се користи при изработка на експлозии, како и бројни други оружја и муниции.