Ekipa
07 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
АТИНА (АA) - Со анкети што упатуваат на вознемиреност за владејачката партија, Грците денеска гласаат на предвремените општи избори во земјата за избор на нова влада и парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозиционата конзервативна десница Нова демократија, според последната анкета на „Пулс“ направена за ТВ „Скај“, води пред владејачката партија Сириза за најмалку 8 отсто, со што изгледа, доколку победи, партијата самостојно ќе може да формира влада.
Актуелниот премиер Алексис Ципрас разочара најмногу од неговите поддржувачи со наметнувањето на повеќе мерки за штедење и дополнителни даноци, како и со потпишување на договорот за промена на името со Северна Македонија.
Ципрас, инаку левичар, повика на гласање четири месеци порано, откако претрпе голем пораз овој мај од страна на Нова демократија на европските и локалните избори.
Неговата левоориентирана партија дојде на власт во 2015 година, во период кога Грција сe соочуваше со остри економски реформи и мерки на штедење со цел да избегне банкрот.
Грција од 2010 година доби три договора за финансиска помош од ММФ и од партнерите од еврозоната.
Гласачките места се отворија во 7:00 часот и ќе се затворат во 19:00 часот по локално време. Прелиминарните резултати се очекува да започнат да пристигнуваат околу 21:30 часот.
Според Министерството за внатрешни работи, Грција има околу 9,9 милиони регистрирани гласачи, меѓу кои над 519.000 се на ворзст од 17 до 21 година.
На европските избори во мај, во Грција беше забележана излезност од 58 отсто.
На денешните избори учествуваат вкупно 20 партии.