Ekipa
07 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - По евакуацијата и затворањето на железничката станица во Барселона поради сомнеж дека е поставена бомба, железничкиот сообраќај е нормализиран, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници на шпанската полиција јавија дека на железничката станица „Сантс Барселона“ евакуирале два воза поради сомнеж дека е поставена бомба.
По евакуацијата, на железничката станица пристигнаа екипи за да го прегледаат теренот.
Шпанските полициски официјални претставници наведуваат дека во осум часот по локално време, поради сомнителна торба, биле евакуирани два брзи воза на линиите три или четири.
На терен излегоа деминерски екипи. По прегледот, железничкиот сообраќај е нормализиран.
По евакуацијата во Барселона, шпанската полиција евакуира и железничка станица во главниот град Мадрид.
Според информациите објавени од шпанската официјална новинска агенција ЕФЕ, базирани врз информации добиени од полициски извори, добиен е повик дека во возот кој од станицата „Сантс Барселона“ се движел кон станицата „Аточа“ во Мадрид, има жена во чиј куфер е поставена бомба.
Возот е сопрен пред да стигне до станицата „Аточа“ во Мадрид. Притоа, по спроведената истрага, во куферот не е пронајден експлозив.
Шпанската полиција, по станицата во Барселона, во 10:00 часот по локално време започна да ја евакуира железничката станица „Аточа“ во Мадрид. Без никакво објаснение, од патниците било побарано да ја напуштат станицата.