Muhammed Bilal Kenasari
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави пост за изборите во Конгресот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според првите вести објавени во американските медиуми, републиканците го сочуваа мнозинството во Сенатот, но интересно е што и покрај тоа што демократите успеаја да се изборат за мнозинство во Претставничкиот дом, Трамп на резултатите гледа како на успех.
Во постот објавен на интернет Трамп вели: „Извонреден успех. Ви се заблагодарувам на сите“.
Кога Трамп ја презеде функцијата, Конгресот, кој е еден од трите центри на моќ во САД, беше во рацете на републиканците. Доколку демократите успеат да го преземат мнозинството во Конгресот, ќе дојде до стеснување на полето на дејствување на Трамп по прашањата за чие одлучување е потребно одобрување од Конгресот.