свет

По 53 години, турски амбасадор именуван за претседавач на Генералната конференција на УНЕСКО

Постојаниот амбасадор на Турција во Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО), Ахмет Алтај Џенгизер, е избран за претседавач на Генералната конференција на УНЕСКО

Yusuf Özcan  | 12.11.2019 - Обновена : 13.11.2019
По 53 години, турски амбасадор именуван за претседавач на Генералната конференција на УНЕСКО

ПАРИЗ (АА) – Постојаниот амбасадор на Турција во Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО), Ахмет Алтај Џенгизер, е избран за претседавач на Генералната конференција на УНЕСКО, како турски дипломат првпат по 53 години, јавува Anadolu Agency (AA).

На 40. Генерална конференција на УНЕСКО која започна денеска во Париз, главниот град на Франција, амбасадорот Џенгизер е избран за претседавач. Џенгизер во наредните две години ќе претседава со Генералната конференција на УНЕСКО.

Амбасадорот Џенгизар, во своето обраќање на конференцијата истакна дека му е чест да биде избран за претседавач на конференцијата.

Наведувајќи дека е свесен за големата одговорност, Џенгизар рече дека покрај финансиските проблеми со кои се соочува, УНЕСКО работи добро.

Џенгизар, истакнувајќи дека треба да се подготват студии за климатските промени, ја спомена и важноста на студиите што се направени на полето на високото образование.

Според него, УНЕСКО треба да се бори против елементите што им се закануваат на луѓето. Исто така, институцијата во својата работа треба да продолжи да ѝ дава приоритет на Африка.

Потсетувајќи дека меѓународните организации и УНЕСКО треба да најдат решенија за проблемите во светот, Џенгизар истакна дека треба да се земат предвид и интересите на земјите членки на институцијата.

Првпат по 53 години, турски дипломат е избран за претседавач на Генералната конференција на УНЕСКО. На гласањето на Извршниот одбор на УНЕСКО одржан минатиот месец, амбасадорот Џенгизар доби повеќе гласови од неговиот шпански конкурент.

- Турција во Извршниот одбор влезе во 2017 година

На 39. Генерална конференција на УНЕСКО, која се одржа во ноември 2017 година, Турција со гласот на 134 земји членки е избрана за членка на Извршниот одбор на УНЕСКО во периодот 2017-2021 година.

Извршниот одбор се состои од 58 земји членки. Комитетот, кој е избран за четири години, се состанува двапати годишно. На состаноците се дискутира за процесите на одлучување на УНЕСКО.

На Генералната конференција на УНЕСКО се утврдува општата политика на институцијата, буџетот и програмата за следните две години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.