Yusuf Özcan
12 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
ПАРИЗ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека малцинствата сѐ повеќе се дискриминираат, говорот на омраза се зголемува, се намалува солидарноста за бегалците и дека мора да се води борба против расизмот и нетолеранцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Гутереш говореше на 40. Генерална конференција на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО), што започна денеска во Париз, Франција.
Наведувајќи дека меѓународната соработка е важна во решавањето на проблемите во многу делови на светот, Гутереш рече дека проблемите се поврзани со економијата, општеството, климатските промени и технологијата.
Тој истакна дека како резултат на неможноста на лидерите да ги решат нееднаквостите во светот, довербата на луѓето во политичките институции е намалена, и нагласи: „Малцинствата сѐ повеќе се дискриминираат, говорот на омраза се зголемува и солидарноста за бегалците се намалува.“
Изразувајќи ја итната потреба од справување со последиците од климатските промени, Гутереш рече дека следната конференција на ОН која ќе се одржи во Мадрид, Шпанија, е важна за чекорите што ќе бидат преземени за климатските промени.
Гутереш исто така додаде дека УНЕСКО игра важна улога во решавањето на проблемите низ светот.