Seyit Aydoğan
20 Декември 2019•Ажурирај: 21 Декември 2019
ТОРОНТО
Проблемот со гробиштата на муслиманите во Квебек Сити, главниот град на покраината Квебек во Канада, е решен по две децении, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За проблемот со муслиманските гробишта во градот се дојде до решение, благодарение на напорите на градоначалникот. Муслиманите во градот 20 години се трудеа да го решат проблемот, но не успеваа затоа што не можеа да добијат мнозински гласови во Градскиот совет.
Градоначалникот на градот Квебек, Риџис Лабеаум, кој во претходните гласања беше против, овој пат овозможи да се прифати предлогот одредена површина земја да биде регистрирана како муслимански гробишта.
- Починатите ги погребуваа на гробиштата оддалечени 250 километри
Лабеаум, говорејќи на прес-конференција на која присуствуваше и претседателот на Исламскиот културен центар на Квебек Сити, Буфелџа Бенабдала, ги повика Канаѓаните „да се сакаат едни со други“.
Бенабдала му се заблагодари на градоначалникот Лабеаум за напредокот на проектот и за избегнувањето дискусии кои предизвикуваат поделби.
Истакнувајќи дека муслиманите во градот 20 години правеле напори за да добијат свои гробишта, Бенабдала нагласи: „Бидејќи немавме муслимански гробишта во градот, починатите ги носевме на најблиските гробишта во Монтреал кој е оддалечен 255 километри. Се израдувавме за одлуката.“
Лабеаум нагласи дека Квебек Сити е променет и дека новите бранови на имиграција и градот и покраината ги направиле да бидат поразновидни.
„Отсега, треба да размислуваме што можеме да направиме за чекорите што можеме да ги преземеме во нашата заедница за сите да живееме заедно во хармонија“, нагласи Лабеаум.
Муслиманските гробишта во Квебек Сити, за кои се потпиша и ги одобри градоначалникот Лабеаум, ќе бидат отворени напролет.
- Во јануари 2017 година шест лица загинаа во вооружен напад во џамија
Вечерта на 29 јануари 2017 година, градот Квебек Сити во јавноста беше споменуван со вооружениот напад врз џамијата „Културен центар Квебек Сити“, единствената џамија во градот.
Екстремно десничарскиот 27-годишен напаѓач Александар Бисонет со автоматско оружје влезе во џамијата и пукаше во луѓето кои беа на молитва. Во нападот загинаа 6 лица, е 9 беа повредени.
По нападот Бисонет беше уапсен, а неговото судење продолжува.