Şerife Çetin
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
БРИСЕЛ (AA) - На познатиот „Гран плас“, централен плоштад во Брисел кој се наоѓа на листата на Светското културно наследство на УНЕСКО, изложен е голем тепих од цвеќе со мексикански мотиви, јавува Anadolu Agency (AA).
На најпопуларната атракција во градот, туристите од 16 до 19 август ќе бидат во можност да го гледаат и фотографираат тепихот од цвеќе за кој се искористени повеќе од 500 илјади цветови.
Тепихот е долг 75, а широк 24 метри. Се простира на површина од 1.800 метри квадратни. Го дизајнираше Марк Шаутет, млад мексикански дизајнер.
Плоштадот е одличен пример за хомоген спој на јавни и приватни згради кои датираат уште од 17 век, исполнет со различни бои и цвеќиња, од жолта, виолетова, сива, портокалова и бела, па до зелената трева.
Околу 100 Мексиканци и Белгијци од утринските часови работеа на правењето на тепихот од цвеќе.
Цветниот тепих прв пат на плоштадот „Гран плас“ е прострен во 1971 година, а од 1986 година се простира еднаш во две години. За изработка на тепихот обично се користи цвеќето бегонија од белгискиот град Гент.
Пред неколку години, по повод 50-годишнината од миграциите на турското население во Белгија, плоштадот беше украсен со тепих со дезени од турските теписи.