Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Раперот Еминем, добитник на наградата „Греми“, е сослушуван од Американската тајна служба со образложение дека во текст од песна се „заканил“ на Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, советничка во Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Документите до кои стигна „Базфид њуз“ („Buzzfeed News“) откриваат дека Еминем го посетиле агенти на Американската тајна служба за текстот на песната „Framed“ од 2017 година.
Во песната „Framed“, Еминем вели дека „Иванка, ќерката на Трамп, ја гледа во багажникот на својот автомобил“ и веднаш потоа вели „некако се чувствувам одговорно за оваа мала будала руса девојка“ и зборува за некакво убиство.
Во веста се наведува дека Еминем е сослушуван откако еден „загрижен граѓанин“ се обратил до Американската тајна служба. Агентите на крајот од 2017 година контактирале со славниот рапер преку неговите адвокати и во јануари 2018 година бил сослушуван. Но темата била затворена и не е проширена во јавноста.
Еминем чие вистинско име е Маршал Брус Метрес III во 1999 година го издаде албумот „The Slim Shady LP“ и со тој албум ја освои наградата „Греми“ за најдобар рап-албум.