Şerife Çetin
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека треба да се продолжи со инвестирањетоо во во одбраната, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг даде кратка изјава пред почетокот на првата сесија „Споделување товар, одвраќање и одбрана“ на вториот ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
Тој рече дека министрите за одбрана ќе разговараат за одвраќањето и одбраната на НАТО, и дека во овие рамки Алијансата треба да биде подготвена за иднината.
„Треба да продолжиме да инвестираме во одбраната“, нагласи Столтенберг, додавајќи дека сојузниците во последните 5 години ги зголемиле буџетите за одбрана, и дека на овој начин до крајот на наредната година дополнителни 100 милијарди долари ќе бидат додадени во трошоците за национална одбрана.
Столтенберг истакна дека министрите за одбрана, исто така, ќе разговараат за киберодбраната, како и за настаните во врска со Иницијативата за подготвеност на НАТО, која има за цел развивање на силата за брза интервенција на Алијансата во случај на криза.