Michael Hernandez
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Властите на американската сојузна држава Калифорнија наредија итна евакуација на жителите во гратчето Гејсервил, поради ширењето на пожарот предизвикано од силните во тој северен дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на шерифот на округот Сонома вчера во утринските часови им нареди на жителите на Гејсервил да го напуштат местото.
„Доколку сте во Гејсервил, заминете сега“, се вели од Канцеларијата на шерифот.
Ветровите со 70 км на час и сушните временски услови создаваат услови за ширење на пожарот кон населеното место кое е дом на над 800 лица и е популарна дестинација за винските тури во регионот.
Од Одделот за шумарство и заштита од пожари се вели дека во пожарите кои започнаа вчера изутрина е изгорена површина од 40,5 километри квадратни.
Причината за пожарот останува непозната. Властите се очекува околу пладне да дадат нови информации во врска со пожарите.
Во меѓувреме, пожарникарите во јужна Калифорнија речиси го изгаснаа вториот најголем пожар во земјата.
Пожарот во Садл Риџ, кој започна на 10 октомври, има изгорено површина од 35,6 километри квадратни и речиси е целосно изгаснат.
Но постојат два помали пожари коишто горат во јужниот дел на земјата.
Во Калифорнија поради високите температури, малата влажност и силниот ветер владее голема опасност од појава на пожари, поради што е издадено црвено предупредување во земјата.
Компанијата „Pacific Gas & Electric“, која покрива со електрични услуги голем дел од северниот дел на Калифорнија, во средата ја исклучи електричната енергија за да спречи појава на пожар поради паднати електрични линии.