Serdar Bıtmez,Hacer Başer
17 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
ДОХА
Петицијата која невладините организации во арапските земји ја покренаа во знак на протест поради нормализацијата на односите со Израел во само неколку часа ја потпишааа повеќе од милион луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Невладините организации, 31 на број, покренаа петиција наречена „Палестински договор“, во знак на протест поради потпишувањето на договорот за нормализација на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин.
Во соопштението на интернет-страницата на која е достапна петицијата се наведува дека во многу краток временски рок бројот на оние кои го потпишале „Палестинскиот договор“ надминал милион.
„Арапските народи покажаа дека одлучно се противат на секој вид однос со ционистичкиот режим“, се наведува во соопштението.
Кажано е и дека тоа што бројот на потписници надминал милион покажува колку арапските народи се совесни.
Договорите за нормализација на односите помеѓу Израел и ОАЕ, односно Израел и Бахреин, се потпишани во вторникот во Белата куќа.