Alaattin Doğru
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
ДАКАР
Во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) едно лице во својот дом донело тенковска граната, од чија експлозија животот го загубија 5 члена од исто семејство, а 3 лица се ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија националните медиуми, во источниот дел на ДРК, каде што војската спроведува широкоопсежна операција, во селото Муноли, кое се наоѓа на подрачјето на градот Луберо во провинцијата Северен Киву, едно лице во својот дом донело тенковска граната, по што почнало да се обидува да ја расклопи.
Ричард Нјембо Нјембо, регионален раководител на подрачјето Луберо, изјави дека во рацете на неименувано лице експлодирала граната, при што животот го загубиле 5 лица што живееле во иста куќа, а 3 се ранети.
Нјембо истакна дека подрачјето Луберо подолг период е сцена на напади од страна на сепаратистичките групи.
Против сепаратистите, кои делуваат во источниот дел на ДР Конго, војската започна широкоопсежна операција, земајќи ги како цел сепаратистичките групи од Руанда.
Источниот дел од земјата, кој се граничи со Руанда, Уганда и Бурунди, е сцена на напади и судири на вооружени групи, кои се обидуваат да ги контролираат богатите природни ресурси со злато и кобалт, што се широко достапни во регионот веќе 20 години.