Safvan Allahverdi
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон соопшти дека над половина од самопрогласениот главен град на ДЕАШ во Сирија, Рака, е ослободен, а терористичката група изгуби најголем дел од своите извори на приходи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Борците од Сириските демократски сили (SDF) продолжуваат да напредуваат во борбата против ДЕАШ, додека се борат за блок по блок во Рака“, истакна на брифингот за новинарите полковникот Рајан Дилон, портпарол на Комбинираните заеднички оперативни сили - Операција „Inherent Resolve“, на брифингот.
„СДФ сега исчистија над 50 отсто од градот од терористите“, додаде тој.
САД ја поддржува ПКК/ПЈД - која претставува сириски огранок на терористичката организација ПКК - заедно со неколку други арапски милициски групи под чадорот на СДФ.
САД ги смета СДФ како „доверлив партнер“ во борбата против ДЕАШ и продолжува да ги снабдува со оружје и опрема.
Дилан исто така истакна дека тоа ќе борбата за искоренување на ДЕАШ од Тал Афар, едно од нивните последни упоришта во Ирак, ќе биде тешка, истакнувајќи дека таму има околу 2.000 борци на ДЕАШ, во и околу градот.
Тој нагласи дека ДЕАШ е под голем притисок, по губењето на Мосул и поголемиот дел од своите извори на приходи.
„Коалицијата погоди околу 30 банки на ДЕАШ и финансиски центри во текот на изминатите три години, уништувајќи десетици милиони долари“, рече Дилан.
„Ирачката влада отсече над 90 банкарски филијали на територијата на ДЕАШ од глобалните финансиски системи“.
Осврнувајќи се на нападот врз американските војници во градот Мунбич, северна Сирија, Дилан рече дека американските сили биле нападнати од огнено оружје при истакна: „немаше никакво оштетување на опремата или жртви на наша страна“.
„Не знаеме кој стои зад овие напади, нашите сили се јасно обележани. Ние оперираме во таа област веќе извесно време“, рече тој. „Значи, не треба да биде непознаница за кого било, во врска со нашето оперирање во тоа одредено подрачје“.
Тој додаде дека коалиционите сили не возвратиле на огнот, но додаде: „ние го задржуваме нашето право да се одбраниме“.
Тој, исто така, истакна дека САД ќе продолжат да ги советуваат своите партнери и да им пружаат поддршка во регионот.