Elena Trenchevska Chekovic
25 Август 2025•Ажурирај: 30 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Познатата патека Идитарод на Алјаска, Соединетите Американски Држави (САД), нуди впечатлив поглед на стадата карибу кои слободно шетаат низ нивниот природен хабитат, јавува Анадолу.
Со дрон се забележани животните како слободно шетаат по патеката, инаку рута широко позната по легендарната трка со кучиња со санки.
Карибуто, познато и како ирвас во Европа, се смета за културен и еколошки симбол во северните региони, и игра витална улога во традициите на автохтоните заедници.
Инаку, патеката Идитарод се состои од главна патека долга 1.610 километри помеѓу Сјуард и Ном, и дополнителни 2.253 километри странични патеки што ги поврзуваат заедниците и историските места.
Конгресот ја воспостави Идитарод како Национална историска патека во 1978 година.