Sena Güler
16 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
СТОКХОЛМ (АА) - На шведски политичар од крајната десница во југозападниот дел на Стокхолм му е доделена казна затвор во траење од 40 дена поради навреда на исламот и муслиманите на социјалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми денес објавија дека политичарот во градот Седертелје, од екстремно десничарската Демократска партија на Шведска, познат по својот антимигрантски став, споделил објава на Фејсбук на која пишувало „Сите муслимани се терористи“.
Започнат е случај против политичарот, чие име не е соопштено, со образложение дека со објавата извршил казнено дело омраза.
Судот одлучи да ја преиначи затворската казна во парична казна од 2.000 круни (223 долари). Одлуката е одобрена од Вишиот суд.