Associated Press
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
ВАТИКАН
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, го изрази незадоволството поради појавата во светот која ја опиша како култура на вреѓање, јавува Anadolu Agency (AA).
„Што повеќе ги користиме социјалните мрежи, стануваме сѐ помалку друштвени“, им порача папата Франциск на верниците на мисата на ватиканскиот плоштад „Св. Петар“.
Тој предупреди на опасноста од затворање во мали групи и додаде дека тоа е чекор од „гнездо кон секти“, па дури и внатре во самата црква.
„Денес е модерно да се расфрламе со придавки за нешто што е еднакво на култура на вреѓање. Препорачувам на злото да одговориме со добро“, порача папата Франциск.
Папата предупреди и дека Католичката црква е изложена на ризикот да стане организација чија мисија е само пропаганда, наместо мисија за поттикнување на радост и хармонија.