Zülfiya Yakup
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи денес беше примен од страна на ватиканскиот секретар за односи со државите, архиепископот Паул Ричард Галагер, по вчерашната средба со папата Фрањо, пренесува Anadolu Agency (АА).
Со архиепископот Галагер, претседателот Тачи разговараше за негување на верската, етничка и политичка толеранција на Косово, но и во регионот и пошироко.
„Косово има многу добри односи со сите земји во регионот и сега, со посредство на ЕУ, водиме дијалог и со Србија, процес кој секако во блиска идина ќе доведе до помирување на нашите народи и зголемена соработка меѓу двете земји, изјави претседателот Тачи” , соопштија од Претседателството на Косово.
Тачи, како се наведува, рече дека на Косово му треба признание на нејзината државност од страна на Светата Столица, и додаде дека тоа би претставувало позитивен сигнал не само за граѓаните на Косово туку и за целиот свет.