Ahmet Gençtürk
22 Февруари 2023•Ажурирај: 23 Февруари 2023
АТИНА (АА) - Папата Франциск денеска повика „да се стави крај на апсурдната и сурова војна“ во Украина, пренесува Анадолу.
„Задутре, 24 февруари, ќе се одбележи една година од почетокот на војната, тажна годишнина“, рече тој за време на неговата општа аудиенција во Ватикан денеска, јави „Ватикан њуз“ (Vatican News).
„Бројот на починати, повредени, бегалци, оние кои се изолирани, на разорувањата, економските и социјалните штети зборува сам за себе“, рече папата.
Тој ги повика „оние кои се на власт да вложат конкретни напори за ставање крај на конфликтот, постигнување прекин на огнот и започнување мировни преговори“.
„Што и да се изгради на урнатините, никогаш не може да биде вистинска победа“, додаде тој.