Admir Fazlagic
13 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Владата на Република Македонија соопшти дека папата Франциско на 7 мај наредната година ќе ја посети Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA)
„Би сакале да ве известиме дека Неговата светост, папата Франциско, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на католичката црква, на 7 мај 2019 година ќе оствари Апостолско патување во Република Македонија, при што ќе го посети градот Скопје – родниот град на света Мајка Тереза“, се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.
Се додава дека програмата на посетата ќе биде објавена навремено.
„Претходно, од 5 до 7 мај, папата Франциско ќе оствари Апостолско патување во Бугарија, каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски“, информираат од Владата на Република Македонија.