Oktaj Omeragikj
18 Октомври 2024•Ажурирај: 20 Октомври 2024
СКОПЈЕ (АА) - На 22 декември 1992 година Обединетите нации (ОН) го прогласија 17 октомври за Светски ден за борба против сиромаштијата, известува Анадолу.
Обединетите нации направија ваков чекор за подигнување на свеста кај луѓето со цел да се намали сиромаштијата на глобално ниво и да се привлече вниманието на прашањето за сиромаштијата низ светот.
Поради нападите на Израел врз Појасот Газа што траат повеќе од една година, Палестинците имаат тешкотии во наоѓањето храна и секојдневните основни потреби за живот. Палестинските семејства, бегајќи пред израелските бомбардирања, засолниште најдоа во импровизирани шатори во градот Кан Јунис. Тие работат напорно секој ден за да можат да им обезбедат храна на своите деца.