Ekipa
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
ГАЗА (АА) - Палестинските фракции на отпорот денес ја осудија средбата меѓу палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот министер за одбрана Бени Ганц, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абас вчера разговараше со Ганц во градот Рамала на Западниот Брег, на првиот официјален состанок помеѓу палестинската власт и израелската Влада од 2014 година.
„Ваквите средби 'ќе ја продлабочат палестинската поделба и ќе ја комплицираат палестинската ситуација'“, рече портпаролот на Хамас, Хазем Касем.
Тој рече дека вчерашниот состанок бил продолжение на заблудата на палестинската власт за можноста да се постигне нешто за палестинскиот народ преку неуспешен пат за спогодба.
Портпаролот на Исламски џихад, Тарек Селми, средбата меѓу Абас и Ганц ја оцени како „забодување нож“.
„Средбата се случи во време кога израелските сили ги продолжуваат нападите врз Газа и ја одржуваат долгогодишната блокада на територијата“, рече тој.
„Крвта на палестинските деца убиени од страна на израелската окупаторска армија по наредба од Ганц сè уште е на терен и не е исушена уште“, рече Селми.