Ahmed Asmar
16 Декември 2024•Ажурирај: 19 Декември 2024
ГАЗА (АА) - Палестинскиот дедо, кој тагуваше по својата тригодишна внука убиена во израелски воздушен напад минатата година, го загуби животот денес во нападот врз централна Газа, јавува Анадолу.
Халид Набан, чии снимки од оплакувањето на неговата тригодишна внука Рим и нејзиниот петгодишен брат Тарик, кои беа убиени во напад врз бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа, минатиот ноември го обиколија светот.
Фотографиите од Набан се најдоа на насловните страници додека тој го прегрнуваше безживотното тело на својата внука, се збогуваше со неа бакнувајќи ѝ ги очите и галејќи ја по косата и лицето, нарекувајќи ја „душата на мојата душа“.
Како што јави репортерот на Анадолу, Набан е убиен денес во израелски напад врз кампот Нусејрат.
Израел ја продолжи геноцидната војна во Појасот Газа во која убиени се над 45.000 Палестинци, главно жени и деца, по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври 2023 година.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатиот месец издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.