Mustafa Deveci
30 Април 2024•Ажурирај: 01 Мај 2024
АНКАРА (АА) - Палестински новинар и неговиот син се убиени во нападот што израелската армија го изврши врз централниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.
Според информации добиени од локални извори, цел на израелската армија била куќата на палестинскиот новинар Салим Абу Тујур во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Газа.
Абу Тујур и неговиот син Ахмед ги загубија животите во нападот што израелската армија го изврши синоќа. Телата на палестинскиот новинар и неговиот син се донесени во болницата Акса во централниот дел на Газа и поставени се едно до друго во дворот на болницата.
Над телото на Абу Тујур беше поставен панцир со натпис Прес. По молитвата, Абу Тујур и неговиот син Ахмед беа погребани.
Од 7 октомври 2023 година досега се убиени 142 палестински новинари во израелските напади врз Појасот Газа.