Mohammad Sıo
15 Јануари 2025•Ажурирај: 15 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Хамас достави позитивен одговор до посредниците во врска со нацрт-договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници, изјавија денес палестински извор за Анадолу.
„Спротивно на израелскиот наратив, Хамас им даде позитивен одговор на посредниците за нацрт-договорот откако ги доби картите во кои е наведено израелското повлекување од центрите на градовите во Газа“, истакна изворот.
„Израел предизвика одолговлекување со тоа што не достави детални карти за планираното повлекување на војниците од центрите на градовите, како што беше договорено во првата фаза“, додаде изворот.