свет, живот

Палестинка која го загуби окото во израелски напад со четка во раката му пркоси на мракот и покрај попреченоста

„Со губењето на десното око изгубив дел од сопственото битие. Сега светот ми изгледа поинаков, фокусот ми бега, а раката веќе не ја следи четката со иста леснотија.“

Gülşen Topçu, Fadel A. A. Almaghari  | 01.04.2026 - Обновена : 02.04.2026
Палестинка која го загуби окото во израелски напад со четка во раката му пркоси на мракот и покрај попреченоста Фото: Hassan Jedi/AA

ГАЗА (АА) – Во бегалскиот камп Ел-Бурејџ, во централниот дел на Појасот Газа, 26-годишната Ерик ес-Сеафин, иако го загубила десното око во израелски напад во 2024 година, не дозволува војната да ѝ ја одземе најголемата пасија - сликарството, пишува Анадолу.

Додека се обидувала да се спаси бегајќи од кампот Ел-Бурејџ, една артилериска граната сиот нејзин свет го претворила во кошмар.

Младата Палестинка, која од детство сонувала да стане уметница, по губењето на десното око се соочува со сериозни тешкотии во перцепцијата на боите. Покрај физичката повреда, таа паднала и во депресија што ги нарушила нејзиниот живот и соништа.

Траумата сè уште е многу свежа, но иако таа не може да му се посвети на сликањето со иста можност како порано, сепак одлучила да не се откажува.

- Покрај окото во нападот го загубила и братот -

Во разговор со Анадолу, Ес-Сеафин ги опиша физичките и психичките промени и болките низ кои поминала по нападот извршен во близина на нејзиниот дом.

Таа раскажа дека во нападот била повредена и мајка ѝ, а брат ѝ го загубил животот.

Поради тешките повреди не можела дури ни да го испрати братот до неговото вечно почивалиште. Кога му го споменува името со грутка во грлото, таа вели дека неможноста да се збогува со него оставила голема празнина во нејзината душа.

Четири дена била во бессознание: „Не бев свесна за раната на окото. Сопругата на брат ми беше до мене, таа ми кажа дека сум имала крвавење во тенкото црево, мозокот и окото. Ми објасни дека ми отстраниле дел од цревата за да го запрат крвавењето, а окото морале да го извадат поради раната од шрапнел.“

- Сон што стана жив кошмар -

Преживувајќи голема траума и разочарување, Ес-Сеафин раскажа дека сонот што го сонила додека нападите сè уште траеле, почнала да го живее во реалноста.

„Сонив еден сон. Беше темно, небото беше целосно црно. Квадрокоптерите (дроновите) на израелската војска пукаа насекаде, а надвор врнеше дожд. Всушност, јас навистина го живеам овој сон во вистинскиот живот. Потоа мојот свет се помрачи. Со губењето на десното око изгубив дел од сопственото битие. Сега светот ми изгледа поинаков, фокусот ми бега, а раката веќе не ја следи четката со иста леснотија.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın