Islam Uddin
06 Октомври 2023•Ажурирај: 06 Октомври 2023
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанската крајбрежна стража заплени 800 килограми наркотици во вредност од 21,84 милиони долари на меѓународниот пазар во рамки на разузнавачка операција во крајбрежен град во близина на Арапското Море во југозападната покраина Белуџистан, пренесува Анадолу.
„Во операција за борба против наркотици базирана на разузнавање, Пакистанската крајбрежна стража заплени приближно 743 килограми хашиш и 57 килограми метамфетамин во возило во Гавадар“, се вели во соопштението на крајбрежните безбедносни сили.
„За време на операцијата во Гвадар, шверцерите побегнале оставајќи ги наркотиците во возилото“, се додава во соопштението.
Во ова соопштение се нагласува дека запленетите наркотици имаат меѓународна пазарна вредност од 21,84 милиони долари.