Behlül Çetinkaya
23 Мај 2019•Ажурирај: 26 Мај 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Портпаролот на пакистанската војска, генерал Асиф Гафур, истакна дека успешно е реализирано тестирањето на проектилот од типот „Шахин-2“ (Shaheen-II), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нашето тестирање на балистички проектил од копно на копно, од типот „Шахин-2“, се реализира успешно. Дострелот на овој проектил со конвенционални и нуклеарни боеви глави е 1.500 километри. „Шахин-2“ поседува потребна моќ на одвраќање, која му е потребна на Пакистан за регионална стабилност“, истакна Гафур преку социјалните мрежи.
Од друга страна, во соопштението на пакистанската војска се вели дека во рамки на тестирањето успешно е погодена целта во Арапското Море, и дека тестирањето било следено од страна на високи воени претставници.
Пакистанскиот премиер Имран Кан упати честитки до војниците и инженерите кои го развија и успешно го лансираа овој проектил.
Пакистан, минатата година, како и во првите месеци во 2019 година реализираше тестирања на проектили од долг и среден дострел, во кои биле користени проектили од типот „Шахин“ (Shaheen-II) и „Гаури“ (Ghauri).